ТФТ поразен во квалификациите за ФИБА Еврокупот

Кошаркарите на ТФТ Скопје загубија попладнево од унгарски Сегед со 92-76 (50-43) во четвртфиналната пресметка за место во групната фаза во ФИБА Еврокупот.

Нашиот тим на квалификацискиот турнир, што според систем на елиминација, се игра во рускиот град Краснодар, одржуваше резултатска неизвесност до воведните минути од третата четвртина (52-48). Сепак, Сегед не дозволи изненадување и со подобра игра во вториот дел забележа сигурен пласман во полуфиналето.

Американецот Амир Смит со 23 и неговиот сонародник Ландрис Хортон со 21 поени беа најефикасни во редовите на ТФТ.

Треба да знаете
Последни објави