Стриминг-платформата „Нетфликс“ објави ексклузивен клип од претстојниот филм Red Notice („Црвено известување“), акција-трилер со Двејн Џонсон, Гал Гадот и Рајан Рејнолдс.
Red Notice е еден од најскапите филмови во историјата на оваа стриминг платформа. Сторија за агент на Интерпол кој се обидува да го фати најбараниот крадец на уметнички дела во светот.
„Нетфликс“ го објави клипот во текот на својот прв глобален настан за фанови, „Тудум“ именуван по џинглот кој е препозатлив за платформата. За време на виртуелниот настан минатиот викенд, фановите имаа можност да ѕирнат во претстојните содржини и да проследат панел-дискусии со ѕвездите на десетици серии и филмови во продукција на „Нетфликс“.
Премиерата на „Црвено известување“ се очекува на 12 ноември.