Шампионката на тенискиот гренд-слем УС Опен, Ема Радукану, доби специјална покана за турнирот ВТА 1000 во Индијан Велс (САД). Ова ќе биде нејзин петти турнир во главната фаза по Нотингем, Вимблдон, Сан Хозе и УС Опен.
Радукану се уште нема победа на ВТА турнирите, туку само на мечеви на гренд слем.
Британката планира да игра три турнирски недели по ред: во САД (6 -17 октомври), на ВТБ Купот на Кремљ во Москва (Русија од 18 – 24 октомври) и во Клуж-Напока (Романија 25 – 31 октомври).
Радукану во моментов е 22-ра на светската ранг-листа.