Молдавскиот фудбалски шампион Шериф Тираспол за кого настапува македонскиот репрезентативец Бобан Николов ја приреди најголемата сензација во елитното клупско натпреаврување Лигата на шампионите, совладувајќи го во Мадрид славниот Реал со 2-1. Тимот чија вредност на фудбалската берза изнесува 12 милиони евра го урна шпанскиот гигант и најтрофеен колектив со европски шампионски титули на славниот реновиран „Сантијаго Берабеу“, а потоа со поигра со реномето на „кралскиот клуб“ и на социјалните мрежи.
Шериф објави фотографија на која го промени логото и сега на нивната ѕвезда се наоѓа кралската круна на Реал Мадрид.
Шериф е главна сензација во ЛШ од стартот на сезонава каде минуваше квалифиакциски кола. Ги елиминира албанска Теута, ерменски Алашкерт, српската Црвена звезда и хрватскиот Динамо Загреб, а во групата продолжи да им зема мерки на украинскиот Шахтјор Доњецк и шпанскиот Реам Мадрид, кој само за споредба има состав вреден 793,5 милиони евра! Тоа е за околу 64 пати поскап тим од оној на Шериф. Буџетот на молдавскиот клуб за сезонава се движел од 5-8 милиони евра. Само од победата против Реал Мадрид, молдавскиот првак веќе заработи 2,8 милиони евра!
Досега вупно Шериф заработи повеќе од 22 милиони евра: 15,7 милиони од старт, 1,2 милиони за историски влез во групна фаза и 5,6 милиони евра за две победи. Во овој есап не се сметаат заработки од ТВ права.
Ова значи дека Шериф веќе заработил 4 годишни буџети на клубот. Интересно, цената на голманот Атанасиадис во 2 часа му скокнала за неколку милиони евра.