Вардар продолжува со одличните партии сезонава во Лигата на шампионите откако триумфираше на домашен терен против актуелниот вицепрвак Алборг со 30-28.
Тренерот на „црвено-црните“ Веселин Вујовиќ по мечот вели дека пред мечот имал многу страв, но кога видел борба кај ракометарите знаел дека можат до поволен резултат.
-За мене Алборг е меѓу четирите најдобри екипи во Европа. Имам голема почит. Ми беше страв пред натпреварот. Но, за време на истиот видов борба, контрола, посебно во одбраната каде игравме цврсто. Го имавме и расположениот Борко на голот. Му посакувам на противникот среќа па дури и пласман на Ф4-турнирот во Келн. Нашите амбиции се да го победиме следниот натпревар, значи да го победиме Монпелје. Нашата основна цел е да се пласираме во осминафиналето, мора да бидеме смирени, да стоиме на земја. Бидете сигурни дека ќе дојдат и лоши периоди, нема секогаш да биде се вака убаво и розевоНо, да одиме чекор по чекор. Сега не чека Бутел во домашното првенство и мораме да го промениме тимот и начинот на размислувања, така можам да кажам дека тоа е нашиот проблем во овој момент, изјави Вујовиќ.