Френки де Јонг: Сè уште верувам дека Барселона може да ја помине групата

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, е оптимист околу настапот во Лигата на шампионите и покрај лошиот старт и двата убедливи пораза. Барселона синоќа на гостувањето во Португалија загуби од Бенфика со 3:0.

– Има уште многу натпревари пред нас. Ако ги победиме имаме шанси д аодиме во следната фаза. Сè уште верувам дека можеме да ја поминеме групата. Мораме да продолжиме да се бориме, да останеме обединети и да излеземе од оваа тешка ситуација. Единствениот излез е да работиме напорно и да се држиме заедно, рече Де Јонг.

Каталонците по две кола се последни во Е-групата без освоен бод. Лидер е Баерн Минхен со шест бода, Бенфика има четири, Динамо Киев е трет со еден освоен бод.

Треба да знаете
Последни објави