Дибиров се проби на третото место на листата со најдобри стрелци во ЛШ

Македонскиот ракометен првак Вардар во 3. коло од групата А во Лигата на шампионите го совлада последниот финалист во елитното натпреварување, данскиот Алборг (30:28) и ја презеде лидерската позиција во групата. Двоккратниот европски првак Вардар по три одиграни кола заедно со ПИК Сегед кој има одиграно два натпреаври се единствените тимови без пораз сезонава во елитното натпреварување. Следниот предизвик за Вардар е француски Монпелје, на 13 октомври во салата „Јане Сандански“.

Тимур Дибиров против Алборг постигна шест погодоци и на вечната листа на стрелците во ЛШ се проби на третото место со вкупно постигнати 971 гол. Рускиот интернационалец од редовите на „црвено-црните“ Дибиров го надмина актуелниот тренер на Веспрем, Момир Илиќ, кој со 969 голови сега падна на четвртата позиција.

Пред Дибиров на оваа листа остануваат Никола Карабатиќ со 1.091 гол, како и македонскиот репрезентатвец и селектор Кире Лазаров, кој е убедлив лидер со постигнати 1.462 голови во Лигата на шампионите.

Дибиров има 992 постигнати голови во сите европски купови и наскоро ќе влезе во друштвото 1.000, каде се само Лазаров, Карабатиќ и Илиќ.

Треба да знаете
Последни објави