Корпулентниот белгиски фудбалски напаѓач Ромелу Лукаку не постигна гол на уште еден натпревар кога за „чувари“ ги има крајсебе Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи. Белгиецот во дресот на Челзи беше поразен на гостувањето кај Јувентус со 1:0 во меч од групната фаза во Лигата на шампионите. Тренерот на шампионскиот состав на Интер од минатата сезона во кој главна улога имаше токму стрелецот Лукаку, Антонио Конте смета дека во Челзи се уште талкаат за да ја пронајдата вистинската формула за да го искористат потенцијалот на корпулентниот гол-играч.
-Ако во нападот го имаш Ромелу Лукаку, мораш да знаеш како да го искористиш. Мислам дека во Челзи уште се мачат да му ја пронајдат вистинската форма, а кога ќе го сторат тоа, тогаш Лукаку ќе биде незапирлив, а Челзи непобедлив во Лигата на шампионите, изјави Конте.
Лукаку под водство на италијанскиот стратег во двете сезони во Интер постигна 64 гола во 95 натпревари и ја освоија титулата во италијанската Серија А.