Дваесеткратниот грен слем шампион Рафаел Надал е првиот тенисер со поминати 6.000 дена по ред во Топ 10. Шпанецот за првпат влезе помеѓу најдобрите десет играчи на 25 април 2005 година и оттогаш е во светската тениска елита.
Во моментов Надал е на 7. место на светската АТП ранг-листа.
Инаку, Роџер Федерер е првиот што има 6.000 дена во Топ-10, но не последователно, односно во текот на серијата ги има напуштено десетте најдобри.