Помалку од една недела откако се појави на пазарот и предизвика војна помеѓу неколку филмски студија и стриминг-платформи, новиот филм на Џорџ Клуни и Бред Пит се вдоми во „Епл“.
Проектот ќе биде напишан, режиран и продуциран од Џон Вотс (Spiderman: No Way Home). Клуни и Пит ќе бидат копродуценти – Клуни преку неговата компанија „Смоукхаус пикчрс“, а Пит преку неговата „Плен Би“.
„Епл“ ги победи „Нетфликс“, „Сони“ и „Лјонсгејт“за проектот, објави порталот „Холивуд репортер“.
Истиот извор наведува дека „Амазон“, „Анпурна“, „Јуниверзал“, „Ем-џи-ем“ и „Ворнер Брос“, исто така, учествувале во војната на наддавање.