На 30.09.2021 во 13.00 часот во СВР Скопје, Б.М.(41) од Скопје пријавил дека на 27.09.2021 околу 23.45 часот, додека се движел со велосипед пред Олимписки базен на подрачје на Центар, почувствувал болка во рамото.
Тој веднаш заминал во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” каде му била укажана лекарска помош. Лекарите од рамото му извадиле дијабола од воздушна пушка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.