Денеска кандидатот за градоначалник на Општина Куманово, Оливер Илиевски на мини митинг пред граѓаните на Ајдучка чешма истакна дека СДСМ ја има најдобрата и најбогатата понуда за граѓаните на Ајдучка чешма, затоа што истата е составена од сите приоритети на граѓаните од тој дел.
“Да ги решиме најгорливите проблеми на граѓаните, да овозможиме безбедни улици со изградба на тротоар и доасфалтирање на сите улици, со поставување улично осветлување на регионалниот пат од Карпош до Добрашане и со знаоѓање на сообраќајно решение на раскрсница на главен пат за пешачки премин, како и изградба на чешмата и простор за собирање на граѓаните„, нагласи Илиевски.
Илиевски беше дециден по прашањето за уредување на постоечки одводен канал во Ајдучка чешма и информираше за програмскиот дел за уредување на овој одводен канал со пешачки патеки и дрвореди од населба Карпош до с. Проевце. Тој потенцираше дека грижата за најмалите продлжува и во оваа населба, со изградба на детско катче да се овозможат на децата услови за забава и правилен раст и развој со своите врсници.
Кандидатот на СДСМ истакна дека соработката централна и локална власт е клучна, “Поразително е да немаме детален урбанистички план, некој да ви дава пари, а вие да не реализирате, мора да аплицираме за проекти, само така општината оди напред” Илиевски ги повика граѓаните да го заокружат бројот 12, за да не зборуваме повеќе за вакви основни работи во 21 век.