Времето во земјава ќе биде променливо облачно и свежо, претпладне во западните и јужните делови со повремен локален дожд со послаб интензитет. Попладне ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.
Во Скопје, претпладне променливо облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 21 степен.
За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.