Во пресрет на дербито од 8. коло во шпанската фудбалска Ла Лига меѓу актуелниот шампион Атлетико и грогираната Барселона што утре ќе се одигра во Мадрид, поранешниот голгетер на тимот од „Камп Ноу“, Луис Суарез му порача на главниот кандидат за нов тренер на Каталаонците, Чави добро да размисли дали сака во овој период да седне на клупата на гигантот. Пред две години Уругваецот Суарез беше избркан од „Камп Ноу“ токму од тренерот која сега е на излезната врата Куман, иако имаше одлични сезони зад себе. Суарез го предупреди својот пријател и поранешен соиграч Чави да не ја прифати поканата на Барселона. Чави се уште размислува за поканата од претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, кој бара решение за наследник на Куман.
„Верувам дека ова не е најдоброто време за Чави. Во клубот има бесна војна која ги еродираше и повреди играчите. Тој е паметен и знае дека треба да го чека вистинскиот момент, му порача Суарез.