Каталонските медиуми пишуваат дека Барселона ќе ја објави одлуката за смена на холандскиот фудбалски стручњак Роналд Куман по саботниот натпревар со Атлетико. Дербито против актулениот шампион Атлетико ќе биде последен натпревар на кој Куман ќе ја има улогата на тренер кај Барселона, иако поради суспензијата, тој нема да биде на клупата на овој натпревар и нема ни да седне повеќе на неа, бидејќи раководствот на клубот веќе одлучило да му врачи отказ.
Отпуштањето на Куман ќе ја чини Барселона 12 милиони евра, а каталонскиот гигант веќе преговара со потенцијалните наследници. Фаворити за наследници на Куман се Роберто Мартинез и Чави Ернандез, а се споменува и името на поранешниот тренер на Јувентус, Андреа Пирло.