Бритни Спирс вчера оствари голема победа откако судијата од Лос Анџелес го суспендираше неговиот татко од контроверзното место на старател со што ја контролираше пејачката 13 години.
Пејачката не присуствувала на рочиштето, но се огласила на социјалната мрежа Инстаграм споделувајќи видео како таа управува со авион, што е јасна асоцијација на слобода.
Бритни потоа одлучила победата да ја прослави на непозната локација на Пацифик со својот вереник Сем, а отишла и чекор понатаму, па на профилот споделила низа фотографии на кои позира гола со опис:
„Играњето на Пацифик никогаш никому не му наштетило..“.
Пејачката подоцна објавила и видео на кое покажува како со својот вереник ужива во возењето чамец и напишала дека си поминува како никогаш досега.
Фановите секако дека биле воодушевени и главно коментирале дека Бритни сега конечно може да ужива во својот живот и дека тоа го заслужила.