Димитриевски потпиша Меморандум за соработка со Гоу Грин Скопје.

Свесни дека соработката и поддршката во делот на млади и животна средина е од исклучително значење за одржливо општество, двата потписника преку Меморандумот изразуваат добра волја да ја зајакнат соработката помеѓу нив, и да се залагаат за доброто на заедницата, врз основа на принципите на транспарентност и отчетност.

Доколку граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“ ја добие поддршката од граѓаните, потпишаниот Меморандум за соработка предвидува вклучување на младинските барања за зелени општини во својата програма, градење одржлива општина и давање поддршка на Гоу Грин во имплементација на проекти за младите, животната средина и зелени површини, комуникација, отвореност и транспарентност кон младите.

Со почит,

Треба да знаете
Последни објави