Денеска до тетовското Основно јавно обвинителство пристигнал полицискиот извештај од извршениот увид во изгорената модуларна болница во која загинаа 14 луѓе, објави ТВ Канал 5.
Овој извештај ќе биде разгледан и анализиран, известуваат од обвинителството, од каде уверуваат дека петмина обвинители континуирано работат на утврдување на причините за настанатиот пожар.
-Во моментов се врши сослушување на членови на комисии за имплементација, седење на технички прием на модуларните монтажни контејнери , кои биле со решение формирани од министерството за труд и социјална политика, велат од Јавното обвинителство.
Од ЈоО вчера информираа дека се определени четири јавни обвинители од Вишото јавно обвинителство Гостивар и Вишото јавно обвинителство Скопје за евентуална помош доколку обвинителите што ја водат постапката за пожарот во Модуларната болница во Тетово, сметаат дека им е потребна, како и за консулација по определен прашања во постапувањето.
Модуларната болница изгоре на 8 септември доцна вечерта, 12 пациенти болни од Ковид и двајца придружници на болните изгореа во пожарот кој се ширеше со неверојатна брзина.
И покрај сите јавно објавени информации за пропусти и одговорност при изградбата, одржувањето и управувањето со болницата, обвинителството засега не отвори предмет против никој, а се чека крај на истрагата за да се одлучи и за функционерската одговорност по понудените оставки.