СДСМ и коалицијата нудат програма што е мерлива, со подобрување на инфраструктура, решавање на сообраќајниот хаос, регулација на Дурачка Река, гасификација, големи проекти за раст и развој на Крива Паланка, рече на синоќешното обраќање пред сограѓаните кандидатот за градоначалник на Општина Крива Паланка од СДСМ и коалицијата, Сашко Митовски.
Според него, потенцијалите што Крива Паланка ги има: одлична местоположба и клима, еколошки чиста средина и гостопримливите жители, се само еден сегмент што ќе придонесе овој град да биде место во кое младите со гордост ќе гледаат перспектива.
– Крива Паланка ќе добие повеќе детски урбани катчиња и многу нови зелени површини, уредени цветни локации, за убав и достоинствен живот на сите. За убаво и пријатно чувство тука, во родниот град. Ќе бидам партнер и сервис на граѓаните, народен градоначалник каков што посакуваат сите кривопаланчани. Ќе работам без финансиски надомест, ќе се откажам од мојата плата, од средствата за дневници и патни трошоци и ќе ги донирам за ранливи категории, посочи Митовски.
Рече, ќе биде отворен за непосредна соработка и комуникација, а по стапувањето на функцијата секој ден ќе биде приемен ден за граѓаните, со дислоцирање на канцеларијата на првиот, наместо на трети кат во општинската зграда.
– Ќе воведам мој администратор за постојана комуникација со странки и следење на проблемот се до негово решавање. СДСМ и коалицијата покажаа и докажаа како се работи за доброто и најдоброто на граѓаните во изминатите четири години, градот го промени својот лик, во општината се инвестираше како никогаш претходно. Јас ќе продолжам со надградба на сите досегашни проекти реализирани од страна на општинската администрација и досегашниот градоначалник, Борјанчо Мицевски, за што искажувам голема благодарност бидејќи сите тие буквално се вградија во се она што е направено во изминатите четири години, а тоа се многу проекти за изградба на: патишта, канализациски и водоводни мрежи, реконструкција на училишта, спортски терени, изградба на нови објекти, нов плоштад и парк, набавка на опрема за итните служби, за ранливи категории лица, за јавните и државни претпријатија, рече Митовски, потенцирајќи оти општината добила огромна поддршка од Владата.
–Сето тоа се направи со огромна поддршка од централната власт, од Владата и нашиот, еден и единствен Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупција, којшто целосно и безрезервно се залага за што поголеми инвестиции и проекти да се реалзиираат во неговата родна Крива Паланка. , вицепремиер за борба против корупција, којшто целосно и безрезервно се залага за што поголеми инвестиции и проекти да се реализираат во неговата родна Крива Паланка. Тој како личност не задолжи многу, покажа како е да се влече за родниот град и не обврза да работиме исто толку, и повеќе, да ги надминеме тие резултати и да создадеме уште многу за идните генерации. Затоа едно огромно благодарам драг Љупчо, од мое име и од име на сите граѓани на нашата Крива Паланка, рече Митовски.
Посочи дека по 17 октомври караванот наречен напредок продолжува со вложувања во нови проекти, со подадена рака од за сите граѓани.
– СДСМ и коалицијата ги имаат вистинските-најдобрите луѓе, листата на советници предводена од Изабела Павловска, носителка на кандидатската листа, ја имаме најдобрата понуда за нашата крива паланка, на точно 17 дена до големата победа, додаде Митовски.
На промоцијата говореше и Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и вицепремиер за борба против корупција и криминал во Владата на РС Македонија, кој рече дека во овој регион се инвестирани над 100 милиони евра во патната инфраструктура, а до крајот на годината конечно ќе завршат тендерските постапки и на пролет ќе се воведат во работа изведувачи за железничката пруга за која се говори со децении.
На настанот говореше и носителката на листата за советници, Павловска.