Клоп ќе го менува Даниел Крег во Џејмс Бонд ?

Познатиот актер Даниел Крег е огромен фан на Ливерпул и во текот на вчерашниот ден го привлече вниманието на јавноста, бидејќи за „Скај Спортс“ порача дека Јирген Клоп би можел да биде одлична главна улога за Џејмс Бонд.

Оваа идеја на познатиот британски глумец брзо стана доста популарна во јавноста, а истата доби и продолжение откако Клоп излезе со урнебесен одговор за овој предлог од страна на големиот фан на Ливерпул.

– Му благодарам за убавите зборови, но јас ќе бидам многу лош Џејмс Бонд. Во моментот кога ќе излезам од водата по шорцеви, мислам дека тоа ќе биде моментот кога цел свет ќе го исклучи телевизорот, – со насмевка на лицето изјави харизматичниот Клоп.

– Не се грижам за Џејмс Бонд, секој си има своја работа во животот. Џејмс Бонд се обидува да го спаси светот, а јас се обидувам да му помогнам на Ливерпул од време на време.

– Како дете, сакав да бидам Џејмс Бонд, но тоа беше многу одамна. Сега, се задоволувам да го гледам Крег како го глуми Џејмс Бонд. Имав среќа да го запознаам лично и всушност ќе ми недостасува кога ќе го нема како Џејмс Бонд. Да видиме кој ќе биде следниот Бонд, – додаде Јирген.

Треба да знаете
Последни објави