Лазаров ја доби највисоката тренерска лиценца – стана „мастер-коуч“

Капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров од денеска е „мастер-коуч“, откако ја доби највисоката тренерска диплома од Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Лазаров со оваа диплома практично ја добива највисоката лиценца до ракометот и ја зголеми македонската група на тренери со ваква лиценца за „мастер-коуч“ што ја имаат: Стевче Алушовски, Андон Бошковски, Бранко Ангеловски, Раде Стојановиќ, Никола Матлиески, Аце Станковски, Борче Марковски….

Тој последниот тест за да ја добие оваа лиценца го положи со анализата на темата „репрезентација на Шпанија на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка 2020 година – освојувач на златен медал (структура на тимот, применета стратегија и оцена на играчи)“.

 

Треба да знаете
Последни објави