Навивачки инциденти во Лондон и Марсеј во Лига Европа

Немили сцени на трибините предизвикаа времен прекин на два натпревари, кои вчеравечер се одиграа во рамки на 2. коло во фудбалската Лига Европа.

Инцидент од поголеми размери се случи на натпреварот во Лондон меѓу Вест Хем и Рапид (2:0), кога при водечкиот гол на Деклан Рајс во 28 минута група од 40-ина симпатизери на австрискиот тим испровоцирани од домашните навивачи ја пробија заштитната ограда и тргнаа кон физичка пресметка.

Обезбедувањето на стадионот очајно се обидуваше да спречи судири меѓу навивачите на двете екипи, пред да интервенира полицијата и да спречи хаос на трибините.

Инциденти го одбележаа и натпреварот меѓу Олимпик Марсеј и Галатасарај (0:0) што доведе до осум минутен прекин на дуелот на стадионот „Велодром”.

Иако беа сместени на различни трибини на стадионот, состојбата ескалираше кога навивачите на двете екипи почнаа меѓусебно да се гаѓаат со факели.

Состојбата се смири откако тренерот на Галатасарај Фатим Терих и капитените на двете екипи апелираа до навивачите да ги смират страстите, а интервенираше и полицијата на стадионот.

Треба да знаете
Последни објави