На скопските паркинзи почна да се применува зимското работно време

Од денеска започнува зимското сметање на рaботното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

-Работното време во зоните ќе биде: Зона А, Б и Ц од понеделник до петок од 7:00 до 21:00 часот, сабота од 7:00 до 14:00 часот.

Зоната Д (Аеродром и болница 8 Септември) работното време ќе трае од понеделник до сабота од 7 до 23 часот. Исклучок се зоните Д62, Ц80 и Ц81 (Зоолошка градина, град Скопје и тениски клуб АБЦ) каде паркирањето ќе се наплатува само од понеделник до петок од 7 до 21 часот. Распоредот на зоните, цените и дозволеното времетраење на паркирањето остануваат непроменети, соопштија од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави