Денес се одвиваа завршините работи околу асфалтирањето на улицата Петко Јанчевски во населбата Радишани, во Општина Бутел.
Ова се дел од предвидените активности за санирање и одржување на сообраќајната мрежа, велат одговорните во Општината.
Асфалтираната улица е во должина од речиси петстотини мести, а работите поврзани со реконструкцијата и асфалтирањето ги изведува компанијата Гама Градба.
Целиот проект ќе чини 1.2 милиони денари, без вклучен ДДВ.