Оливие Њокас се најде во иделаниот тим на ЕХФ за 3. коло од ЛШ

Новакот Оливие Њокас одигра добра партија во дресот на Вардар за победа над европскиот вицешампион Алборг (30:28) во 3. коло од групата А во ракометната Лига на шампионите. Оливие постигна седум гола, а посебно ефикасен беше во второто полувреме кога шест пати ја тресеше мрежата на данскиот тим. Оливие за прикажаната партија доби признание од ЕХФ со изборот во иделаниот тим на позицијата лев бек.

Идеалниот тим на 3. коло во ЛШ го сочинуваат:

ГОЛМАН – Родриго Коралес (Веспрем)

ЛЕВО КРИЛО – Хуго Дескат (Монпелје)

ЛЕВ БЕК – Оливие Њокас (ВАРДАР)

СРЕДЕН БЕК – Килијан Вилјемино (Монпелје)

ДЕСЕН БЕК – Иманол Гарсиандиа (ПИК Сегед)

ДЕСНО КРИЛО – Гаспер Маргуч (Веспрем)

ПИКЕР – Виктор Итуриза (Порто)

Треба да знаете
Последни објави