Според пишувањата на Газета дело Спорт, францускиот ПСЖ се распрашувал за младиот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд како може да стане наследник на Килијан Мбапе, кој не ја прифати понудата за продолжување на догворото со „светците“ па на крајот од сезоната како слободен играч ќе си замине од Париз.
Газета дело Спорт пренесува дека спортскиот директор Леонардо стапил во контакт со Мино Рајола и се распрашувал за услугите на Норвежанецот, но останал шокиран кога контроверзниот менаџер го известил дека на маса треба да стави 50 милиони евра годишна плата.
Мино Рајола се правдал дека поради откупната клаузула во договорот на Ерлинг Халанд (75 милиони евра), ПСЖ ќе плати далеку помалку од тоа што реално вреди напаѓачот на трансфер пазарот, па и со плата од 50 милиони евра годишно, трошоците на целокупната зделка нема да бидат толку големи.