Советникот за национална безбадност на американскиот претседател, Џејк Саливан, синоќа во Белата куќа се сретна со францускиот амбасадор Филип Етијен, кој се врати во американската престолнина по острите несогласувања меѓу двете земји.
Двајцата разговаа за стратешки прашања од заемна корист и за организациски аспекти околу претстојната средба меѓу претседателот Џо Бајден и неговиот француски колега Емануал Макрон планирана за крајот октомври.
Средбата беше во согласност со споделените обврски на претседателот Бајден и претседателот Макрон во нивниот телефонски разговор на 22 септември, да се почне процесот на продлабочени консултации за низа стратешки работи, за создавање услови за градење доверба и да се предложат конкретни мерки кон заедничките цели, се вели во синоќешното соопштение од Белата куќа.
Амбасадорот на Франција неодамна беше отповикан поради договорот за подморниците меѓу САД и Австралија, а наспроти сличниот договор меѓу Париз и Камбера кој беше отфрлен, чин што предизвика негодување и критики од страна на францускиот врв.