Селекторот на Германија Ханси Флик го направи својот втор избор на кандидатите за составот на државниот тим откако го презеде кормилото на „панцерите“. Во октомврискиот мундијалски квалификациски термин Гермнаија ќе и гостува празнично, на 11 октовмри на Македонија во Скопје. Три дена пред скопската пресметка во која Гермнаија ќе бара реванш за изненадувањето кое им го приреди Македонија во Дуизбург (1:2) двете селекции ќе имаат загревање за пресметката во Скопје со Лихтенштајн на гостински терен, односно со Романија дома.
Флик за дуелите со Романија и Македонија повика 23 фудбалери меѓу кои се најдоа повратниците Тер Штеген и Матијас Гинтер, но недостасуваат поради повреди Махмуд Дауд, Робин Госенс и Илкај Гундоган, а Матс Хумелс побарал од Флик да се врати во посакувана форма пред да добие нов повик од репрезентацијата.
Натпреварот против Романија треба да биде загревање за Германците за дуелот во Скопје, на кој сигурно ќе влезат со огромен мотив по историската победа која ја остваривме во Дуизбург со головите на Пандев и Елмас.
Списокот на Германија за мечевите со Македонија и Романија:
Голмани: Мануел Нојер (Баерн Минхен), Бернд Лено (Арсенал), Марк Андре Тер Штеген (Барселона);
Одбрана: Матијас Гинтер (Борусија Менхенгладбах), Тило Керер (Пари Сен Жермен), Лукас Клостерман (Лајцпиг), Давид Раум (Хофенхајм), Антонио Ридигер (Челси), Нико Шлотербек (Фрајбург), Никлас Зуле (Баерн Минхен);
Средина и напад: Карим Адејеми (Ред Бул Салцбург), Серж Гнабри (Баерн Минхен), Леон Горецка (Баерн Минхен), Каи Хаверц (Челси), Јонас Хофман (Борусија Менхенгладбах), Јозуа Кимих (Баерн Минхен), Томас Милер (Баерн Минхен), Џамал Мусијала (Баерн Минхен), Флоријан Нојхаус (Борусија Менхенгладбах), Марко Ројс (Борусија Дортмунд), Лерој Сане (Баерн Минхен), Тимо Вернер (Челси), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен).