Бритни Спирс новостекнатата слобода ја прослави со целосно голи фотографии на егзотична локација

Бритни Спирс вчера оствари голема победа откако судијата од Лос Анџелес го суспендираше неговиот татко од контроверзното место на старател со што ја контролираше пејачката 13 години.

Пејачката не присуствувала на рочиштето, но се огласила на социјалната мрежа Инстаграм споделувајќи видео како таа управува со авион, што е јасна асоцијација на слобода.

Бритни потоа одлучила победата да ја прослави на непозната локација на Пацифик со својот вереник Сем, а отишла и чекор понатаму, па на профилот споделила низа фотографии на кои позира гола со опис:

„Играњето на Пацифик никогаш никому не му наштетило..“.

На објавата ѝ коментирал и нејзиниот вереник Сем кој напишал хаштаг „freethenipple“ исто така алудирајќи на кампањата на социјалните мрежи „FreeBritney“ која ја започнаа нејзините фанови како поддршка на долгогодишната борба на пејачката за независност.

Пејачката подоцна објавила и видео на кое покажува како со својот вереник ужива во возењето чамец и напишала дека си поминува како никогаш досега.

Фановите секако дека биле воодушевени и главно коментирале дека Бритни сега конечно може да ужива во својот живот и дека тоа го заслужила.

Да ве потсетиме, судијата во четвртокот кажа дека е „неодржливо“ Џејми и натаму да биде задолжен за имотот на пејачката и се согласил со Бритни и адвокатот Метју дека вo нејзин интерес e тој да биде отстранет од таа функција.

 

Треба да знаете
Последни објави