(Видео) Лејди Гага го прослави џез-албумот Love For Sale со настап во живо

Лејди Гага ги воодушеви своите фанови со специјален настап во живо за да го прослави албумот Love For Sale, плод на соработка со Тони Бенет.

Новиот албум нуди џез изведби на поп ѕвездата Гага во дует со легендарниот Бенет.

Во четвртокот, 35-годишната суперsвезда донесе класичен холивудски гламур за настап во партнерство со Westfield Century City.

„Многу е важно да се соединам со моите фанови по толку долго време кога не можев да пеам за нив, и јас многу го ценам „Вестфилд“ кој го поддржува тоа искуство што се пренесува преку џез музика, рече таа, алудирајќи на дует-албумот.

„Џез музиката е најголемата музика што постои во Америка и за сите нас заедно да ја доживуваме, да се собираме да ја гледаме, пееме, слушаме, навиваме за неа…“

„Ова е сè на што можев да се надевам. Сакам да изразам длабока благодарност до сите фанови што беа овде вечерва “.

Треба да знаете
Последни објави