„Гаспром” од денеска почна да испорачува гас за Унгарија преку гасоводот „Балкански тек”, во согласност со договорот потпишан на 27-ми септември.
Будимпешта и „Газпром” пред неколку дена го потпишаа договорот за снабдување со гас, заобиколувајќи ја Украина. Договорот предвидува до крајот на 2036 година, Унгарија да добие 4,5 милијарди кубни метри гас од „Газпром” преку „Турски тек” и системот за пренос на гас од Југоисточна Европа. Од нив, 3,5 милијарди кубни метри ќе дојдат преку Србија и една милијарда преку Австрија.
Ова предизвика реакција на украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, кој договорот го опиша како удар за односите меѓу Киев и Будимпешта.
Шефот на украинскиот систем за пренос на гас, Сергеј Макогон, предупреди дека од ова треба да се очекува значително да го намали или целосно да го прекине транзитот на гас во Унгарија.
Украина изјави дека има намера да побара од Европската комисија да провери дали договорот е во согласност со европското законодавство за енергија. Будимпешта беше категорична дека реакцијата на Киев е мешање во внатрешните работи на Унгарија.
Според унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, чекорите што ги презема Будимпешта се со интенцијата „домовите на Унгарците да бидат топли во зима”, и дека договорот нема врска со никакви меѓувладини и заеднички комисии.
Снабдувањето на земјата со гориво е прашање на економија и национална безбедност, а не политика, нагласи тој.