Митревски и Ристовски водечки двоец меѓу петте голмани со најдобри интервенции во 3. коло од ЛШ

Во редовниот избор на ЕХФ за најдобрите после секое одиграно коло во ракометната Лига на шампионите, за 3. коло меѓу петте чувари на мрежите со најдобри одбрани на првите две позиции се најдоа двајца македонски голмани Никола Митревски од Порто и Борко Ристовски од Вардар.

Никола Митревски покрај 16 одбрани имаше одбранет зицер за минимална победа на Порто на гостувањето кај романскиот Динамо во Букурешт. И Борко Ристовски имаше 16 одбрани за Вардар против Алборг со кои придонесе неговиот тим да стигне до победата.

Покрај македонскиот репрезентативен двоец-голмани меѓу најдобрите пет се најдоа Родриго Коралес (Веспрем), Бењамин Буриќ (Флензбург), Дино Славниќ (Загреб).

Најдобрите пет одбрани на колото во изборот на ЕХФ можете да ги погледнете ТУКА

Треба да знаете
Последни објави