Пуштени во продажба билетите за следните три натпревари на Вардар во ЛШ

Со цел да им се овозможи на навивачите навреме да обезбедат билет за некој од следните три домашни натпревари на Вардар 1961 во ракометната Лига на шампионите (ЛШ), од денеска почнува продажбата на влезници за дуелите против Монпелје, Кил и ПИК Сегед, соопшти претпладнево македонскиот првак и двократен европски владетел.

Следен предизвик за Вардар 1961 ќе биде дуелот против француски Монпелје на 13 октомври во Скопје, по што „црвено – црните” во салата „Јане Сандански” ќе им бидат домаќини на германски Кил, на 27 октомври, и унгарски ПИК Сегед, на 25 ноември.

Согласно ковид протоколите, максималната исполнетост на салата „Јане Сандански” ќе биде 30 отсто од вкупниот капацитет, или 1.800 лица, а за навивачите е задолжителен сертификат со примена најмалку една доза вакцина против Ковид-19 или потврда за прележан коронавирус.

Цената на влезниците се движи од 350 до 450 денари.

Треба да знаете
Последни објави