Смилевски: Градиме инфраструктура за побрз урбан и економски раст

“Ги отворивме сообраќајните артерии на Општина Бутел. Ги решаваме клучните инфраструктурни проблеми на бутелчани, градиме нови булевари, реконструираме, санираме, поврзуваме, сè со една цел – Бутел да продолжи да расте урбано и економски како и во изминатиот четиригодишен период.”, рече актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат за оваа функција од редовите на СДСМ, Велимир Смилевски, на средба со жителите од неколку населби во Бутел, на коишто беше присутен и кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

Како пример на одлична и функционална соработка на централната, на градската и на локалната власт, тој го истакна пуштањето во употреба на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, еден од најзначајните инфраструктурни зафати во оваа скопска општина во последните 30 години. “Од крстосницата со булеварот Босна и Херцеговина до Обиколницата, по булеварот се патува брзо, сигурно, безбедно, по сите светски стандарди. Бутелчани и сите останати граѓани добија алтернативна сообраќајница, бидејќи досега единствената патна опција за поврзување со централниот дел од Скопје на неколку десетици илјади жители од Бутел, Радишани, Љубанци, Љуботен и други населени места, беше улицата Бутелска, со што понуди решение за големиот сообраќаен метеж низ Бутел.”, рече Смилевски.

На средбите со граѓаните, како еден од клучните проекти за следниот мандат, Смилевски потенцираше дека Општина Бутел, по 15 години, ќе го добие својот прв Културен центар, кој ќе биде лоцирани во населбата Радишани, во старото училиште. “Со отворање на Културниот дом, бутелчани ќе добијат реална општествена и културна инклузија, а на граѓаните ќе им се овозможи да имаат пристап до културни содржини и манифестации.”, рече кандидатот на СДСМ за градоначалник на Бутел. Предвидено е сите досегашни манифестации кои ги прави Општината, како што се изложби, фолклор, базари, колонии и други да бидат пренасочени во просториите на новито Културен дом.

“Бутел се сака со дела, а не со лаги! Граѓаните знаат да распознаат работници од неработници, искреност од манипулација, дела од лаги!”, потенцираше Смилевски.

Треба да знаете
Последни објави