Евертон освои бод на „Олд Трафорд“, Роналдо играше само едно полувреме

Манчестер јунајтед одигра само 1:1 против Евертон на „Олд Трафорд“ во првиот меч од 7. коло во англиската Премиер лига. Тренерот на Црвените ѓаволи, Оле Гунар Солскјер реши мечот да го започне без Кристијано Роналдо и Пол Погба, а на крајот тоа му се освети.

Домаќините се мачеа, но успеаа да го срушат отпорот на противникот во 43 минута кога Марсијал погоди за 1:0.

Во второто полувреме влезе Роналдо, но интензитетот на играта не се промени. Евертон искористи еден контра напад во 65 минута со голот на Таузенд израмни на 1:1.Во 85 минута Евертон даде и втор погодок, но тој беше поништен поради офсајд, па Манчестер се спаси од тотална катастрофа.

Ова беше девети меч по ред на кој Манчестер прима барем еден гол на домашен терен во првенството, што е најлоша низа во последните 50 години.

Последен пат полоша низа имале на почетокот на 1971 година кога на 10 средби по ред примале гол на свој терен.

Треба да знаете
Последни објави