Денеска Оливер Илиевски, кандидатот на СДСМ за Градоначалник на Куманово и Атина Мургашанска носител на листа советници од СДСМ и коалицијата, ги посетија граѓаните од Речица и Табановце и го понудија Најдоброто за нив, програма креирана од самите граѓани, со приоритетите на секое место, мапирани цела една година.
Илиевски потенцираше дека граѓаните тука очекуваат од општината да ги реши нивните проблеми.
“Најдоброто за Речица е конечно реализирање на проектите кои се срамни за зборување, како асфалтирање на сите улици, да не зборуваме за вакви срамни работи, како реконструкцика на патот од Никола Тесла до с. Речица, но не смееме да дозволиме да се гази кал во ниту една населба во Куманово, и да продолжиме да зборуваме за европски проекти, за повисок животен стандард и нови можности.”
Тој се обрати и до младите од Речица при што истакна дека конечно ќе имаат игралиште во нивното основно училиште. На средба со граѓаните од Чивили’к-Сланиште, с. Табановце, Илиевски истакна дека за сите проекти кои како општина ќе ги аплицира до надлежните министерства, имаат финансиска конструкција и затоа нудат реални и остварливи проекти.
Тој пред граѓаните од Табановце даде завет дека Најдоброто за нив значи општината конечно да ја реконструира водоводната мрежа и да се изгради канализациона мрежа. “За граѓаните од Чивил’к-Сланиште од големо значење е осветлување на автопатот, асфалтирање на улици, канализација и водоводна мрежа. Ајде да создадеме безбедни патишта и патишта без кал!”, заврши Илиевски.