Косовските специјалци се повлекоа од граничните премини, на Јариње се пее „Србија, Србија“

Откако Белград во Брисел го прифати компромисот за решавање на ситуацијата на Косово и Метохија, денеска специјалните единици на РОСУ се повлекоа од Јариње и Брњак.

-Речиси сите Срби кои протестираа на Јариње и Брњак 13 дена се разотидоа од овие премини откако силите на РОСУ конечно се повлекоа од нив“, пишуваат медиумите.

Специјалците се повлекоа од Јариње откако првично одбија тоа да го направат, како што тврдат, поради камион со транспарент со натпис „Добредојдовте во Заедницата на српски општини“.
Неколку оклопни возила потоа го напуштија административниот премин, а насобраните граѓани извикуваа „Србија, Србија“. Пред да се повлечат РОСУ побараа да се отстранат шаторите што ги користеа Србите. Целиот инцидент, односно конфликтот помеѓу РОСУ и Србите, беше следен од КФОР и Еулекс.

 

Во четвртокот беше постигнато компромисно решение за кризата на северот на Косово.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека нема да има отстранување на српските регистарски таблички, односно наплата за привремени РКС таблички.

-Предвидено е повлекување на РОСУ и тоа е показател дека во иднина ваквите постапки на Албанците ќе наидат на отпор од српското население. Враќањето на КФОР во согласност со резолуцијата 1244 е значајно и покажува дека е можно да се обезбедат безбедносни гаранции за Србите“, нагласи Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави