Челзи се намачи, но на крајот го победи Саутхемптон и тоа со 3:1. Со овие три бода, тимот на Томас Тухел се искачи на првото место во Премиер лигата со 16 бодови, два повеќе од Ливерпул кој утре го чека дерби на „Енфилд Роду“ против Манчестер сити.
Челзи на полувреме водеше со 1:0, а во средината од второто полувреме гостите изненадувачки постигнаа гол за 1:1. Играчите на Челзи беа неревозни и се обидуваа да дадат втор гол, но тоа им успеа дури откако гостите останаа со фудбалер помалку, по искучувањето на Вард. Капитенот на гостите брутално стартуваше врз Џorжињо во 74. минута. Најпрво судијата му додели жолт картон, но по прегледување на снимката, тој му покажа директен црвен картон.
Во 84 минута Вернер погоди за 2:1, што беше прв гол за Германецот по речиси шест месеци. Пет минути подоцна Чилвел го потврди триумфот на Челзи.
На домашен терен се радуваше Вулверхемптон со 2:1, а на Лидс му беше доволно да даде еден гол за победа против Ватфорд. Без голови заврши средбата Барнли – Норич.