Централниот караван „Најдоброто за мојата општина” денеска е во Виница

Претседателот Зоран Заев ќе биде меѓу граѓаните на Општините Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово, а вечерта ќе учествува на граѓанска трибина и промоција на кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници на Општина Виница на Плоштадот „Ангел Винички” со почеток во 20:00 часот, каде ќе има и свое обраќање.
Вториот караван ќе биде во Општина Демир Капија, каде потпретседателот Фатмир Битиќи ќе се обрати на граѓанска трибина со почеток во 18:30 часот на Плоштад во Демир Капија.
Го покануваме вашиот медиум да ги проследи настани, придржувајќи се до ковид протоколите за заштита од коронавирусот.

 

Треба да знаете
Последни објави