Шок во Србија: Убиено и запалено тричленото семејство од Алексинац кое беше исчезнато шест дена

Јавноста во Србија е шокирана од веста дека шест дена од исчезнувањето се пронајдени мртви членовите на семејството од Алексинац. Таткото Горан Ѓокиќ (57), мајката Гордана (56) и ќерката Лидија (25) исчезнаа во неделата околу полноќ кога се враќаа од Моравац во Алексинац.

Полицијата утрово го пронашла запален автомобилот „пасат“ во сопственост на Ѓокиќи, а потоа на десет километри од возилото биле пронајдени и нивните тела покриени со гранки и листови.

И телата биле запалени, така што не е познато на кој начин се убиени.

Горан, Гордана и Лидија исчезнаа во неделата после полноќ кога се враќаа од Моравац во Алексинац каде беа на вечера кај мајката на Горан, кој е сопственик на менувачница.

Тројцата околу 20 минути по полноќ се упатија кон нивната куќа во Алексинац. Сепак, тие не возеле по вообичаениот пат, односно не завртеле на првата крстосница, туку се упатиле во спротивна насока. Последен пат биле забележани од камера во селото Тешице, кое се наоѓа на осум километри од Моравац, два часа подоцна. Во три часот нивните мобилни телефони биле исклучени.

Треба да се потсети дека личните документи на тричленото семејство останале во станот во кој живееле во Алексинац.

 

Треба да знаете
Последни објави