Георгиевски: Заедно со сите граѓани продолжуваме да ја развиваме нашата Гази Баба, да биде општина за пример

Со полн плоштад насмеани лица и победничка атмосфера, помина вчерашната промоција на кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба, Борис Георгиевски и листата на кандидатите за членови на Советот.

 

„Многу сум горд на Гази Баба. Таа е прекрасна општина, со добри луѓе, силни, вредни, домаќини. Знам дека сосема јасно ги препознавате резултатите.

Дека правите разлика како се работи во општината сега, а како претходно.

 

Верувам дека заедно, со сите граѓани, и во наредните четири години, ќе продолжиме да ја развиваме нашата Гази Баба. Со исполнети срца, со елан за работа. Општината да ни биде за пример.” посочи кандидатот на  СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина”, Борис Георгиевски.

 

Гази Баба пред четири годни беше запуштена и заборавена општина, со бројни нерешени проблеми во населените места. Општина заглавена во долгови и без проекти.

 

„ 22 години ја раководеа општината и ништо не направија за неа. Го потрошија времето и за 22 години ја уназадија за 2 века. Сега мислат дека времето ги покрило трагите. Јас не наследив општина на која и фалеа уште неколку корпи за отпадоци, уште некоја светилка или уште некое дрвце. Токму тоа беше и мојот мотив кога се кандидирав првиот пат. Со многу труд, со чесна работа, Гази Баба од 19 да ја приближиме кон 20 век и уште повеќе, кон 21 век.” истакна Георгиевски

 

Денес, Гази Баба, е општина во која рамномерно се инвестира за животот на жителите да е подобар, а нивните имоти да вредат повеќе. Градиме водоводи, канализации, инфраструктура, градинки, училишта.

 

Во Булачани, водоводната мрежа е завршена и домаќинствата се поврзани. Ветив и веќе го исполнив ветувањето за дополнителни извори од Скопска Црна Гора.

 

Оваа година ја завршуваме и изградбата на примарната и секундарната канализациска мрежа во Јурумлери, Смилковци, Гоце Делчев, Трубарево, Попово Маало, Црешево.

 

Изградивме 48 километри патишта, булевари, улици. Го реконструиравме патот Јурумлери – Долно Лисиче – Драчево, патот Раштак – Бутел и патот Хиподром – Илинден. Изградивме нов локален пат во Булачани и нов локален пат Страчинци до Виниче.

 

Успеавме да ја изградивме градинката „Пеперутка” во Стајковци. Ги реновиравме сите 11 детски градинки. Го проширивме капацитетот на градинките во Јурумлери и во Железара со нови 250 места.

 

“Го нудиме најдоброто за Гази Баба. Имаме програма која нуди решенија за проблемите на граѓаните во секое маало во секое населено место. Почнуваме со изградба на 4 нови градинки во Ќерамидница, Синѓелиќ, Трубарево и Инџиково. За нови 420 места.  Градиме нови училишни спортски сали во „Кирил и Методиј” во Стајковци во и „Наум Охридски” во Булачани, а следуваат истите проекти и во Црешево и Страчинци. Започнуваме со изградба на нова зграда за основното училиште „Крсте Мисирков”.  Нови 100 километри асфалтирани локални патишта, како и тротоари, велосипедски патеки, урбана опрема и детски катчиња. Изградба на фекална канализациска мрежа во Идризово, Виниче, Ергеле, Раштак, Булачани и Брњарци. За оваа капитална инвестиција остана уште да се распишат тендери за изведувачи.” истакна Георгиевски.

 

Тој ги повика граѓаните на 17 октомври да ја дадат поддршката на тимот кој го носи најдоброто за Гази Баба и градот Скопје, заокружувајќи го бројот 12 за листата на советници за општина Гази Баба и градот Скопје, како и поддршка на градоначалникот Петре Шилегов. 

Треба да знаете
Последни објави