Во овие 9 месеци мандат успеавме да изработиме околу 70% од програмата којашто ја ветивме пред нашите граѓани, и направивме и повеќе поради тоа што бевме цело време на терен, меѓу граѓаните, ги слушавме нивните проблеми и маки, истакна кандидатот за градоначалник на СДСМ за Штип, Сашко Николов за време на дебатата на МРТ. Тој кажа дека за време на деветте месеци откако е градоначалник на општината освен реализирал и проекти за реконструкција на уште 29 улици, решавање на тротоарните решенија, решавање на канализационите и атмосферските решенија.
-Можевте да видите дека во Штип после бурни дождови два часа немаше никаде вода, кажа Николов.
Тој додаде дека работел на зближување на општината и граѓаните и сега сите јавни претпријатија во градот работат како едно за да им излезат во пресрет на потребите на граѓаните.
-Посебно сум горд на делот на социјалните типски куќи за коишто дознавме дека некаде во декември Европска банка ќе ги пушти средствата за реализација, за градба на становите, односно куќите, бидејќи досега работевме инфраструктурни проекти каде што ги завршивме со улица, водовод, канализација и веќе почнуваме во една друга реализација, истакна Николов.