СДСМ -Скопје контра Арсовска: Ние го заштитивме Водно од систематското уништување на ВМРО-ДПМНЕ

Реакција од СДСМ -Скопје на денешната прес-конференција на Данела Арсовска поврзана за Водно

Кога СДСМ ја презема управувањето со Град Скопје во 2017 година, парк-шумата Водно беше загрозена и на работ на уништување. Водно беше испресечено и уништувано од патот до „Сончев град“ и криминалниот проект „Сончев град“ за кој се водат судски постапки.
Врвот на Водно беше девастиран од панорамската кула на АЕК, каде што Груевски си планираше ресторан со поглед на криминалите на „Скопје 2014“.
Водно беше уништено од „Комплексот Панорама“ и од деструктивната идеја за „Беверли Хилс“ на Водно.
Водно беше уништено од криминално донесените ДУП-ови, со поместување на градежната линија, заради плацовите на Груевски и неговите соработници од урбаната мафија.
Постоеше и дополнителен план за уништување на Водно со „Јужна обиколница“ кој ние го спречивме, како и налудничав проект на Коце Трајановски за сечење на парк-шумата и изградба на ски-центар, познат како „Гармиш Партенкирхен на Водно“.
Почитувани,
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов им вети на скопјани дека нема намера да ја поместува градежната линија на Водно во ниедна варијанта и дека јужната обиколница којашто е предвидена долги години во Генералниот урбанистички план ќе биде избришеме во наредниот ГУП.
Благодарение на СДСМ, парк шумата Водно сега е заштитено подрачје – заштитено е од криминалните обиди за уништување од ВМРО-ДПМНЕ, партијата што стои зад Данела Арсовска.

Треба да знаете
Последни објави