Јувентус со гол на Мануел Локатели во 86-та минута, го совлада градскиот ривал Торино со 1-0 и врза три победи едноподруго во Серија А, продолжувајќи ја одличната низа против „Биковите„ од кои Старата дама загубила само еднаш во последните 31 лигашки средби.
Во Торино денес гледавме две целосно различни полувремиња. Прво се закани Јувентус преку Мекени, а потоа „биковите“ ја преземаа теренската иницијатива и создадоа две добри прилики преку Лукиќ и Мандрагора.
Второто полувреме донесе поинаква слика, Вања Милинковиќ Савиќ веднаш имаше тешка интервенција. Српскиот голман му одбрани зицер на Алекс Сандро, а потоа од работ на казнетиот простор шутираше Квардадо.
Натпреварот беше решен во 86. минута, Мануел Локатели беше оставен само во шеснаесетникот и новото засилување на Јувентус тоа знаеше да го искористи и да погоди во долниот десен агол. Во продолжение иКулушевски ја погоди стативата, па резултатот остана 1:0.
Со оваа победа Јувентус дојде до осмата позиција на табелата, а што е поважно за тимот на Алегриуспеаа да врзат три победи во низа во Серија А, но ја прекинаа црната низа од 20 натпревари во низа во кои примаа гол во италијанското првенство. Како што стојат работите во продолжение од сезоната се најавува еден подобар Јувентус.
Триумфот го одбележа и еден непријатен момент. Тренерот Масимилијано Алегри во обид да го мотивира Федерико Бернардески, во еден момент пред да го извади од игра, и да го замени со Дејан Кулушевски, го поткачи со клоца во задникот.
— Khaled Al Nouss (@khaledalnouss1) October 2, 2021