Ајнтрахт го победи Баерн во Минхен по две децении

Фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт го направија најголемото изненадување во Бундеслигата откако во седмото коло со 2:1 го совладаа Баерн Минхен.

Јунак на Ајнтрахт е Филип Костиќ кој го постигна победничкиот гол за прв триумф на неговиот тим против Баерн на гостински терен уште од 2000 година.

Ова е воедно прва победа за Ајнтрахт сезонава откако забележа пет ремија и еден пораз и со осум бода се наоѓаат на 11 место, додека Баерн и покрај поразот остана на чело на табелата со еден бод повеќе од Борусија Дортмунд и Фрајбург.

Баварците поведоа во 29 минута со голот на Леон Горецка, но само три минути подоцна Ајнтрахт дојде до израмнување со голот на Мартин Хиртерегер.
Одлучувачкиот момент кој го одреди победникот се случи во 83 минута кога српскиот репрезентативец Филип Костиќ успеа да го совлада Мануел Ноер и да му донесе голема победа на својот тим.

Треба да знаете
Последни објави