На социјалните медиуми и дел од порталите споделено е видео во кое сегашниот кандидат за Градоначалник и актуелен пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ во Бутел Дарко Костовски предводи група на млади и истите ги наведува да скандираат: “Клетите шиптари” и “Чиста Македонија” !!!
Ова видео предизвика бурни реакции и негодување кај жителите на Општина Бутел, која важи за мултиетничка Општина во која соживотот и разбирањето ги поврзуваат сите жители без разлика на нивната етничка или верска припадност.
Целата информација, како и видеото може да го проследите на следниот линк, на познатиот портал на албански јазик тетовасот.