Стојкоски да одговори, дали ги поддржува блокадите на ВМРО-ДПМНЕ за изградба на Клинички Центар во Ѓорче Петров?

Наместо да ветува проекти кои се веќе реализирани или се во фаза на реализација, Александар Стојкоски да каже дали ги поддржува блокадите на ВМРО-ДПМНЕ за изградба на нов Клинички центар во Ѓорче Петров.

Дали Стојкоски како лекар е против изградба на современ Клинички центар исто како и неговиот шеф Христијан Мицкоски?

Дали Стојкоски како жител на Ѓорче Петров е против тој да се гради во Веле Поле како што се неговите сопартијци Владо Мисајловски и Бојан Стојаноски?

Кога веќе не знае да понуди реални и остварливи проекти, Стојкоски барем нека им одговори на граѓаните кој е неговиот став по ова прашање.

Треба да знаете
Последни објави