Во програмата „Најдоброто за Аеродром“ имаме повеќе проекти за развој на Лисиче (и деловите „Тодор Чангов“ и „Ѓорги Капчев“). Планираме целосна реконструкција на градинката „Пчелка“, со што ќе овозможиме подобри услови за раст и развој на нашите деца, посочи Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром на СДСМ и коалицијата, на вечерашната средба со граѓани во Лисиче.
Присутните граѓани бараат и поинтензивно одржување на хигиената и зелените површини, како и облагородување на јавниот простор.
- Затоа планираме целосна реорганизација на комуналните служби. Ќе ги зајакнеме капацитетите на комуналната служба, а планираме и нова механизација – цистерни за миење на сервисните улици, плочниците, платоата и другите јавни површини. Во овој дел, ќе го затвориме и Усјанскиот канал. Овој простор ќе прерасне во уредена зелена зона, за рекреација на граѓаните, рече Филиповски.
Кандидатот за градоначалник зборуваше и за новиот начин на водење на општината. Тој истакна дека постојано и он и советниците ќе бидат достапни за граѓаните.
- Двонасочната комуникација ќе биде дел од моето работење. Исто така, планираме креирање и на мобилна апликација, платформа преку која граѓаните ќе имаат увид во својот предмет, но и ќе можат да пријават проблем и да дадат своја идеја за развојот на нивното маало, кажа Александар Филиповски.
СДСМ продолжува со секојдневната комуникација со граѓаните и презентација на мерките и политиките, чија цел е да овозможат хуман и рамномерен развој на општина Аеродром.