Прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште еднаш покажаа дека немаат ниту идеја, ниту став, ниту пак своја програма. Мицкоски зборува за враќање на парите кон граѓаните, а СДСМ веќе четири години со конкретни мерки ги враќа парите кај граѓаните. И ова е само еден од примерите – ВМРО ДПМНЕ на чело со Мицкоски немаше храброст да понуди кандидат од своите редови ниту за општина Центар, ниту за Град Скопје. Знаат однапред дека се губитници, зошто нивните најголеми досигнувања и истовремено најпогрешни инвестиции беа во проектот „Скопје 2014″ токму во центарот на Скопје!
Скопјани многу добро знаат дека криминалните инвестиции на ВМРО-ДПМНЕ го уништија зеленилото во центарот на Скопје, криминалните урбанистички планови го бетонизираа главниот град, а трагите од криминалното узурпирање на Водно се видливи за секој што има очи да ги види.
Сега, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да им ги замачка очите на Скопјани со понуда од „независна” кандидатка „За модерно Скопје”, но залудно. Тие до толку се безидејни што преку кандидатката која ја поддржуваат, нудат програма со веќе реализирани проекти.
Еве неколку примери – Ветувањето на Данела Арсовска за „продолжување на булевар Борис Трајковски до Драчево” веќе се реализира. Ветувањето за „отпочнување на изградба на булеварот Хрватска” исто така се реализира – завршена е градежната документација и моментално се работи на дислокација на енергетските инсталации на МЕПСО и на ЕВН. Ветувањето за „продолжување на булевар Словенија”, за што градот Скопје веќе ги отворил понудите. Во програмата ветен е проект за решавање на сообраќајниот хаос кај „Мавровка”, а веќе се работи студијата за овој проект во Град Скопје
Се ветува проширување и реконструкција на булеварот Цветан Димов за што веќе се води постапка од град Скопје, како дел од проектот за Брз автобуски превоз. Се ветува изградба на Јужен Коридор, со подземна сообраќајница, која веќе се гради и беше презентирана од градоначалникот Петре Шилегов. Ветен е нов објект на Универзална Сала, која цело Скопје и државата знаат дека е во фаза на реконструкција. Ветен е стратешки проект „Смарт Скопје”, а пред неколку дена веќе се промовираше проектот „Скопје Смарт Сити”, во соработка со Македонски Телеком
Се ветува „ најголемата централна пешачка зона во поширокиот европски регион”, отако истата е веќе презентирана од градоначалникот Петре Шилегов, со воведување на Бе еР Те. Ветен е стратешки проект „Скопје град на велосипеди”, а Скопје е веќе препознаен како Велоград. Ветено е уредување на коридорот долж реките Серава и Лепенец, за што веќе беше презентиран проект од страна на Град Скопје. Ветен е нов стратешки проект за нови автобуски линии и посебна лента за јавниот превоз, а град Скопје веќе влегува во имплементација на проектот за „Брз автобуски превоз” за кој се обезбедени 70 милиони евра.
Друго ветување на кандидатката поддржана од ВМРО ДПМНЕ е дека „Град Скопје ќе спроведува низа активности за добивање статус – Скопје европски град на културата за 2028 година”, што веќе се спроведува. Се ветува изработка на нов ГУП за Скопје, што веќе се прави.
Како што гледате, ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска немаат што ново да им понудат на Скопјани, освен минхаузеновски проекти за бесплатен јавен превоз со 250 електрични автобуси што како ветување може да се спореди само популистизмот на Груевски преку Субрата Рој.
Скопјани знаат дека ВМРО-ДПМНЕ има една единствена програма од која никогаш нема да отстапат – Тоа е програмата „За барокно Скопје”.
ВМРО ДПМНЕ немаат намера да сопрат со узурпација на Водно, кое беше урбанистички уништено со градежни парцели за „згради-мади”, од страна на луѓе блиски до шефот на Мицкоски од Будимпешта. ВМРО ДПМНЕ не се менува кого и да поддржува! Затоа и за овие локални избори ќе чека уште еден пораз, бидејќи граѓаните знаат са препознаат празни и лажни ветувања, украдени програми и популизам.