Поразите на Барселона веќе не се ништо ново. Каталонскиот гигант беше немоќен во дербито против Атлетико и во Мадрид загуби со 2:0. По овој неуспех, Барселона остана на 12 освоени бода од седум кола и е на средината од табелата во Примера дивисион.
Барселона имаше повеќе од 60 отсто посед на топка, но Атлетико со двата гола на Лемар и Суарес во првото полувреме ја заврши работата. По мечот, тренерот на Барселона, Роналд Куман, кој поради суспензија не беше на клупата на синоќешниот дуел, изјави дека има план како да ја врати Барселона на победнички патеки.
„Се слушнав со претседателот и од него побарав јасно да ми го каже планот околу мојот статус во екипата. Задоволен бев од одговорот. Сигурен сум дека ќе бидеме многу подобри затоа што сега ни недостасуваат многу играчи. Можеме да бидеме многу подобри. По репрезентативната пауза очекувам да се вратат Алба, Дембеле и Агуеро и со нив ќе бидеме многу поопасни. Свесен сум дека во Барселона мора да се има подобри резултати, но оптимист сум за тоа што следи“, рече Куман.
По паузата за репрезентативните дуели, следниот меч на Барселона ќе биде тој против Динамо Киев во рамките од Лигата на шампиони, на 24 октомври. По првите две кола во елитното натпреварување на УЕФА, Барселона е без ниту еден освоен бод.